Материјалните и просторни услови за работа беа сосем коректни – иако, гледано од техничко-технолошки аспект, би можело да најдеме и одредени недоследности на опремата со која тогаш располагаше ЈРДП Радио „Велес“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен на најбројниот репрезентативен синдикат да му обезбеди просторни услови за вршење на дејноста; а исто така е должен – на синдикатите и нивните претставници – да им овозможи навремено и успешно остварување на правата како и пристап до податоците важни за нивно оствару- вање (чл. 199, ст. 4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во оваа радио станица, во која имаше сѐ на сѐ околу 15-тина вработени – според систематизацијата на работните места тој, барем формално, ја извршуваше функцијата монтажер на звук, иако пропратно беше распределуван и на други работни задачи – првенствено како новинар и водител на снимени емисии, прилози и реклами, како и програма во живо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)