Инаку, преку денот, кога ќе наидеа на некое побистро вирче, ќе ги проплакнеа спотнатите лица и ќе ги подржеа набабнатите жили на рацете во студената вода; но се плашеа да се напијат од неа, освен да си ги проплакнат сувите усти; не толку заради забраната што ја беше издал штабот како превентива од можни зарази, колку од пусти страв од проста дрскавица што можеше да ги врати со несвршена задача за да се скријат во шаторот посрани и посрамотени.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)