Во алиштата искинати – испарталавени, речиси голи, со изгорени градници и плеќи, неизбричени, нестрижени, разбушавени, неизмиени, испиени во лицата, пропаднати во очите, бетер и од најслабата крава или магаре.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Знаат обајцата: ниту еден часовник на произведува време, ниту една стапка не е пропадната во безвремие и ниту една ѕвезда над езерото не е безимена.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)