пролетен (прид.) - дожд (имн.)

Фатија пролетни дождови и компирите поникнуваа бојни како бозе, ќе речеш божем преку ноќ се накренале од земи како космати борачи и сега тука се борат во бавчата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зборовите ѝ крцкаа и се распрснуваа од усните како штотуку узреани црешни во мај, загризани во мигот на заросување на ситен пролетен дожд.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На челото го чувствував нејзиниот папок, а од меѓу нозете избиваше мирис на развлажнета смола по пролетен дожд.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ракоплескањето шуми како пролетен дожд врз ламарина по салата и од сите страни се чуствуваат извици: Браво! Ние се гордееме со тебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Отиде на оседлан коњ, Пролетни дождови врз неговото семе скриени во плодовите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По тревата плиска пролетниот дожд во здрачно виножито.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тоа беше прекрасен, пролетен дожд. Светол. И изутрина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас сега верувам, проклет да бидам, во секое човечко срце мора да има понекоја топла капка пролетен дожд колку и да е тоа тврдо, обвиено со мраз.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Кој дожд? - Топлиот пролетен дожд!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)