проклет (прид.) - ѕид (имн.)

Знаеш, ти си заграден со тој проклет ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не, сигурно светот изгледа поинаков надвор од проклетите ѕидови, надвор од мене...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чиниш проклетиот ѕид го држиме да не падне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас и сега со сигурност не можам да тврдам кој беше тој црвец што толку многу ги подјаде детските срца, - гладот ли, стравот ли, казните ли, секојдневните понижувања, студот ли, можеби оценката за карактеристика, можеби стројот и тој проклет ѕид, а можеби сѐ заедно, но од сето тоа едно беше јасно како ден, - потскажувањето, кукавичлакот и злобата почнаа да цутат во домот како ран компир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)