А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250
Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали е тоа епистемологијата на плакарот и нејзините многукратни двојни врски, продорниот режим на хетеронормативноста и на хомофобијата, врховното значење на родот, неспорната заводливост на мажественоста, незгасливата желба за убавина или невозможноста хомосексуалноста наивно и невино да се искуси како нешто сосема природно, светот во кој суштествуваат геј-мажите постојано ги потсетува на нивната неизземеност од животинските стварности на сексуалното раслојување, на културното значење и на општествената моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)