— Тој што не е роден или е роден глув, та не можел да го слушне неговиот пријатен глас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама ќе чуете пријатен глас. A можеби веќе толкупати чувте што стана со наши луѓе во она пусто Мариово.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Немој Веданче, немој мило, - ме прекори Тета со тој нејзин мек и пријатен глас кој, иако не наредува, не може да не се послуша.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Дали знаете - ѝ рече со пријатен глас - каде треба да се појде за исплата?“
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
А за Евелин случајно разбраав. Едно утро штотуку сакав да влезам во дневната соба кога го чув нималку пријатниот глас на госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)