Се стресе од помислата кога пред очите ги здогледа двете ангелчиња однесени во некаков прифатен центар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се зборуваше дека во тоа време „Под врбата“ сѐ почесто доаѓа Гоше вработен на осматрачницата поставена во женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Круме Волнаровски пред две години пријателски ме замоли да ѝ обезбедам просторија во Прифатниот центар за да може да изведува настава за членовите на Машкото друштво “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој свет таа не сакаше да го споредува со ниту еден од световите во кои живела пред тоа и токму затоа неговата посебност, во таквото поимање, добиваше во значење.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Возбудливата лекција го продолжи предвидениот термин за предавање и осамените срца дури пред стемнување влегоа во двата автобуса (користеа организиран превоз од “Вакса-турс”) и тргнаа од Прифатниот центар надолу, кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас и Илона заеднички, со повремено вклучување и на Деница и Ниротакис Алимакопулос, ја организиравме акцијата “Елитен секс” на јахтата “Зора” на Големото Езеро.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не знам кој ме вовлече во таа игра; беше ли тоа Нинослав, беше ли тоа Круме Волнаровски, беше ли тоа разработен план или само игра на случајот?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема со својот џип влезе во дворот на Прифатниот центар по завршувањето на утринската гимнастика на жените.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На молба на нејзиниот братучед Круме Волнаровски, директорот на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци Стево Трајчов ѝ овозможи предавањата (два пати неделно, попладне) да ги изведува во компјутеризираната училница наменета за воспитни дејствија врз жените со привремен престој во домот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Нема прашање на кое не може да се одговори,“ спокојно рече госпоѓа Мариела и продолжи: „Еве еден пример од досие што се чува во архивата на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Имав впечаток дека Илона постојано живее во тој свет, иако беше со нас, заградена со талпи во светот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Влегов во мрежата за работа на црно со жените од Прифатниот центар за странци, а тоа беше спротивно на мојата борба за човековите права. Тоа ме уби.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Цвета беше немажена, на возраст кон педесеттата година, незаинтересирана за светот долу, во Метрополата, и често остануваше да ја преспие ноќта во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И јас тоа го направив, измислив место, ја примив да го води малиот ресторан во дворот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Една ноќ со директорот на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци Стево Трајчов долго шетавме по кејот на реката, разговарајќи за ситуацијата од која, речиси, немаше излез.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Животот во Прифатниот центар за Илона беше живот во еден посебен свет.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Женскиот оддел на Прифатниот центар за странци беше организиран во реновираниот Поштенски дом на три километри југоисточно од Метрополата, изделен од населените места распослани на периферијата, во густа борова шума, на висорамнина од која натаму се простираа пределите на ловиштето „Рис“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Случајот со госпоѓа Мариела ја разниша професионалната поставеност на Ема Ендековска. Таа се чувствуваше изместена од сигурното лежиште во механизмот што функционираше околу Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во ресторанот „Кај Таки“ во вечерните часови, веднаш по стемнувањето, со возило беа носени по неколку жени од Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Уште на првите средби со Ема, откако началникот Круме Волнаровски предложи таа да биде префрлена кај мене, во Одделението за анализа, а со посебни овластувања за врска со женскиот оддел на Прифатниот центар за странци, во деновите на моето разбудено љубопитство кон жената чија појава измести многу нешта во нас и околу нас, ја почувствував моќта на нејзиниот поглед со продолжени пипки за допир што имитираше боја и вкус.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Шефот имаше силна моќ: тој ја водеше Агенцијата за борба против трговија со луѓе и нелегална миграција, со ингеренции над Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе и над машкиот и женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Прифатниот центар во Блаце и состојбата на бегалците во него ја отежнаа уште повеќе политичката и економската положба во Р. Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На претседателските избори од 1999 година, Борис Трајковски е избран за претседател на Р. Македонија (15 декември 1999).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
И кога животот сакаше многу години подоцна во Македонија, која стана наша нова татковина, предодредени пред тоа да ги следиме емигрантските процесии на пребегнатите албански емигранти во Југославија, на конечен пат кон вообичаените дестинации кон Америка, Австралија или Нов Зеланд, минувајќи пред тоа неколку месеци во неколку европски емигрантски прифатни центри, да станам нејзин амбасадор, првин, предложен од Социјалистичка Република Македонија во рамките на тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Република Тунис, акредитиран во Арапската лига, како и како прв амбасадор во државата Палестина, на чело со Јасер Арафат, која само земјата што ја претставував ја признаваше како независна држава (во периодот од пролетта 1985 до есента 1989 година), а потоа и како прв амбасадор на новата независна Република Македонија во Република Франција, при УНЕСКО во Париз, акредитиран во Мадрид при Кралството Шпанија и во Лисабон, во Република Португалија, Татко беше одамна исчезнат, (на 29 февруари 1979) а јас имав чувство дека го продолжувам неговиот неизвесен дипломатски пат на Балканот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)