природен (прид.) - словенски (прид.)

Неговата крајна констатација била дека "…регионот е природно словенски, а не грчки".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што претставувало изненадување за експертите на Форин офис биле многу јасно потцртаните становишта на Еванс за националната свест и патриотизмот на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе што извештајот ги негирал дотогашните статистички податоци за бројот на Македонците во Грција и докажува дека Македонците останале Македонци и македонскиот јазик останал “домашен јазик... на полето, на селските улици и пазарот“, а грчкиот јазик “се смета скоро за странски јазик, на Грците не им се верува ништо, се сметаат во целосна смисла на зборот како странци...регионот е природно словенски, а не грчки“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)