Не беше заинтересиран за каков и да е природен феномен, ниту за спектарот на кој и да е елемент.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Такви драстични промени се нарекуваат природен феномен.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Трите идеални елементи, трите симболи на политичката религија на модерната западна демократија. Кога би можел, помислувам, би устроил град во кој улиците би се викале според вегетацијата и природните феномени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во старата античка цивилизација се следеше хармонијата на природните феномени и божествата беа потчинети на таа човекова потрага, верувајќи во еден вид бесмртност, која заземаше место во меморијата на човештвото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За него западната Историја беше синџир од одговори на прометејскиот предизвик!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сплотеност и хармонија... Колку ли се убави звуците звуци од природен феномен на штурецот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во полупрстен од сончева патека регистар на природните феномени, без перо, без мастило, во огромните морски води...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Татко, обземен од непостојаноста на историјата на Балканот, од судбината секогаш да се отпочнува одново, бараше нешто постојано по природните феномени, во дефинитивното откривање на можниот излез од него.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се обидуваше според својата интуиција, која никогаш не го напушташе, да му дава друго, дополнително значење на обичниот природен феномен: долетувањето на галебите, по стотини километри низводен лет, за да стигнат кај други луѓе, во друга земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Велеше, уште со својот резон на автодидакт, дека природните феномени верно се одразуваат како на огледало врз човековиот дух.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го интересираа овие природни феномени за да може да ги споредува со животот на луѓето, посебно со животот на своето семејство.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)