Па така, побарувањата на повре- мени давања кои стасуваат годишно или во пократки определени временски периоди (т.н.„повремени побарувања“) – застаруваат за три години од страсноста на секое одделно давање (чл. 361, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На невработеното лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му недостасуваат 269 најмногу до пет години пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија – паричен надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настапувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок (изменет и дополнет чл. 71, ЗВОСН). 3. Иако, кај нас, општиот рок на застареност изнесува пет години (в. чл. 360, ЗОО) – сепак, со закон може да се определи и друг [по- долг или пократок] застарен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, тука постојат две правни „кваки“ кои мора- ме да ги споменеме: прво, за застареноста судот не води сметка по службена должност [ex officio] сè додека спротивната странка т.е. должникот не приговори на овој факт (чл. 349, ст.3 од ЗОО); и, вто- ро, ако должникот исполни веќе застарена обврска, тој нема право да бара да му се врати назад она што го дал или платил, дури и ако не знаел дека обврската е застарена – бидејќи, во случајов, станува збор за т.н.„природна облигација“ (obligationеs naturalеs – в. и чл. 356, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)