природен (прид.) - граница (имн.)

Се обидував да ја откријам таа природна граница кога настапува нејзиното оддалечување од сопствените чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Манастирот не е никаков граничен објект, како што е да речеме, некоја планина или река, па тој сам за себе да претставува природна граница, - рече Италијанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Графит на главната пошта во Сараево, 1992 Во литературата за границите често се прави дистинкција меѓу „природни“ и „неприродни“ граници, поврзани со географските конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Де Квинси (Thomas de Quincey) во своите Исповеди со право тврди дека дрогата човекот „го поттикнува само во рамките на природните граници на неговата личност и, за да донесеме суд за чудата коишто ги создава дрогата, би било бесмислено да се распрашуваме кај некој продавач на волови, бидејќи овој, опиен, ќе гледа само волови и пасишта...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според таа поделба, типични природни граници се мориња, пустини, планини, реки и шуми.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)