Богдан немаше одговор на ова прашање, но тоа природно му се наметнуваше, не толку кога ќе беа в кревет, исполнети со себе и доволни сами на себе, изделени од сиот друг свет, колку во миговите кога ќе го гледаше нејзиното голо тело низ објективот, работејќи на фотосесиите кои госпоѓа Мариела особено ги љубеше (во спалната, во кујната, во купатилото, на дрвените вртени скали меѓу едниот и другиот кат, на пространата тераса обрастена во густеж од бршлени) кои траеја долго, исполнети со сласт на себеоткривања и дооткривања еден со друг, со лес на дишење, со движења кои беа нечујни, со поместувања низ амбиентот кои беа спонтани и хармонични, во атмосфера која беше пријатна за двајцата, што, всушност, значеше предигра за она што потоа следуваше: да се спојат нивните растреперени тела во долга и страсна љубовна игра до исцрпување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
А таа кутрата, со непогрешивиот инстинкт да ја одржи рожбата, јасно и природно му рече дека може да се случи да изумрат децата додека дојде денот „Д”!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И додека тие нишкаа со главите во знак на разбирање, со задоцнување, по англискиот превод од неговите зборови, тој знаеше дека е само прашање на време кога повторно ќе се врати на местото кое природно му припаѓа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сојузот помеѓу едно домашно животно кој трае веќе миленуми и на човекот природно му се наложува.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Понекогаш му се чинеше дека нивниот јазик го зборува подобро и од својот и македонските зборови сосема природно му доаѓаа кога сакаше да каже нешто, дури и пред оние на неговиот мајчин јазик.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)