привремен (прид.) - вработување (имн.)

Целта на овој Закон е уредување условите и начинот на основање на агенции за привремени вработувања, како и условите и начинот на привременото вработување за вршење на привремени работи кај друг работодавач. (чл. 1 од ЗAПВ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со овој закон се уредуваат условите и начинот за основање на овие агенции и начинот на привременото вработување за вршење на привремени работи кај друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Обврската за исплата на надоместокот на плата, поради горенаведените причини, кај работниците, кои со договор за отстапување преку Агенциите за привремени вработувања се отстапени кај работодавач - корисник паѓа на товар на работодавачот - корисник (чл. 1 од ЗИДЗРО/март.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Единствено дополнување кое овде е важно од аспект на работничките права е тоа во измената од 2013 година каде се менува ст. 5 од чл. 9 на ЗАПВ и како еден од условите за престанување на важењето на лиценцата на агенцијата и нејзиното бришење од регистарот на агенции за привремени вработувања се наведува дека „ако на работниците со кои агенцијата за привремени вработувања склучила договори за вработување не им исплатила плата и уплатила придонеси од плата над три месеци, а за тоа не го известила инспекторот на трудот или платата не ја исплатува, согласно со закон, колективен договор, договорот за отстапување на работник и договорот за вработување.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Наредните измени и дополнувања од 2011, 2013 и 2014 70 година се однесуваат на постапката за добивање на лиценца за агенциите за привремени вработувања и на условите под кои едно физичко или правно лице да може да формира ваква агенција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)