приватен (прид.) - работодавач (имн.)

Сепак и покрај дополнителните законски обврски кои се воведоа кај оваа материја од трудовото право, тие не ги анулираа постоечките проблеми за работниците, посебно вработените кај приватните работодавачи, кои сеуште работат и по изминувањето на работното време, без тоа никаде да биде евидентирано, а притоа нивниот труд дополнително се експлоатира; б) во однос на прекувремената работа (работа над редовниот број работни часови), беше утврдена обврска на работодавачот при секое воведување на прекувремената работа, писмено да го извести државниот инспектор на труд (чл. 7 од ЗИДЗРО/септ.10) во рок од три работни дена од воведувањето на прекувремената работа (чл. 6 од ЗИДЗРО/јан.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, во праксата, оваа одредба беше и сѐ уште е изигрувана, првенствено од страна на приватните работодавачи, кога тие ги тераат работниците да работат и во сабота и/ли недела, а тоа не се евидентира никаде – при што користа што на овој начин ја стекнува работодавачот е отприлика работа од 24 до 32 часа месечно по работник, којшто овие „бесплатно“, а de facto под присила, му ги „поклонуваат“ на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)