приватен (прид.) - куќа (имн.)

А Рада многу добро знаеше дека Томо е сместен во приватна куќа, во соба каде што имаше место за уште еден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гронинг: Во 60-те имаше многу празни ветувања за прогресивната едукација, но вистинската слика беше оваа: поголемиот дел од колеџите беа или додатоци на големите универзитети или беа сместени во нечија приватна куќа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)