Од самиот                               почеток на филмот гледаме двајца Просперовци, обајцата ги                               игра Гилгуд - едниот којшто го пишува текстот на драмата што                               ја гледаме и вториот којшто учествува во дејствието. (Сосема                               спротивно, Ариел го играат четворица актери на различна                               возраст.) Сценографијата, архитектонски каприци во духот на                               Hubert Robert и Ledoux, содржи колонадни атриуми, засводени                               премини, обелисци, пирамиди, дури и прецизна копија на                               Микеланџеловото скалило од Лоренцовата библиотека.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 8-9“
              
              (1994)