претстоен (прид.) - востание (имн.)

Турските власти сега биле заинтересирани и преокупирани со прашањето: Како преку масовни апсења на интелигентните сили на нашиот народ да ја десеткуваат Револуционерната организација и да го осуетат претстојното востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Без сомнение е дека раководителите на Македонската револуционерна организација, коишто ги вршеле последните подготовки за претстојното востание, биле крајно незадоволни од акцијата на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гарванов изјавувал дека ако процесот се одржи пред претстојното востание, ќе негира сè, но ако процесот се одржи во текот на востанието, тој пред Судот ќе изјави дека е член на Организацијата и ќе ги каже нејзините цели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)