преспански (прид.) - езеро (имн.)

Во длабочината, најблизу до езерото Мала Преспа - Превалот и малите ридови на селата Медово и со посебно внимание на селото Раби, последното упориште пред влезот во Пероо, преминот меѓу двете преспански езера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
О, да можеше да види само уште еден, макар блед отсјај од онаа незаборавна игра, што далечниот залез ја одрази во водите на Преспанско Езеро - блажен ќе беше за навек тогај, да склопи очи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ПЕЛИСТЕР (2601 м), највисок врв на планината Баба - која се протега помеѓу Преспанското езеро и Битолското поле; тој е најдоминантен врв во овој дел на Република Македонија, од каде се простира широк и прекрасен панорамски видик.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- ... Знам, знам, - го прекинав. - Ти на мои години ни до Дојран не си бил, а камоли на Егејско Море, Јадранско Море, Црно Море, Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Мавровско Езеро..., - му ги наредив подбивно сите места на кои до сега заедно сме биле.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Патот е прав како стрела и тера по средината на рамницата легната меѓу двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Местото се вика Превалот и нужно тера да застанеш и да погледнеш долу каде во прстенот на околните планини се легнати двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, пролетта 1948 година, беше март и сите планини околу Преспанското Езеро беа под снег, нѐ собраа и нас, околу четиристотини и педесет деца на возраст од две до четиринаесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Малку или многу беше количината на фрленото железо и олово врз главите на немоќните луѓе, малку или многу се загинатите чии коски лежат во масовни гробници на просторот меѓу раскрсницата пред селото ’Рби и мостот на Пероо - Кулата, меѓу брегот на Големото и песоците и трските на Малото Преспанско Езеро?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
_____ 32 Се смета дека под планината Галичица која го дели Охридското од Преспанското езеро, постои едно трето, подземно.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)