Море нова рогузина од конец, (може да има сто јажички), оваа есен плетена; море, нов шарен постилач токму со рогузината, море тричетири перници, сега наполнета со пресна слама, па дури и по билото нафрлала нови покровчиња. Со еден збор — послано како за мили гости.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)