Ти не ја испушти приликата
мајчински ги измолза боските
солени, а млечни
се наведна похотливо
длабочините да ми ги одмериш
според ехото
па кога се увери
- има кај да претечеш
се прели без остаток во мене
преполна и тешка
водена, се изедначувам со тебе!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ручекот во прегрејаната, преполна и бучна кантина беше измачување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)