преостанат (прид.) - од (предл.)

Тие беа далеку постари од него, реликвии на стариот свет, речиси последните големи фигури преостанати од раните херојски денови на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Си налева половина чаша стоплена кока-кола, преостаната од сношти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)