Но тој не знаеше дека на Татко му беше значајно да знае уште колку години ќе живее за да си направи конечен договор со преостанатите книги од својата библиотека.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога се врати од Голи Оток, ги откопа сандаците со книги, макар оштетени, како да имаа поголема библиофилска вредност, но со поарчени значења, додека преостанатите книги ги извади неоштетени од отворените ѕидови во библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)