Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не сум можел ни да помислам дека ќе видам елен и ќе ја доживеам оваа прекрасна и горка прикаска.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Нели е тоа страшна, прекрасна и чудна симболика.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Еве уште едно прекрасно и оригинално писмо... Тоа е руско писмо, писарско, или ако сакате, воено-писарско.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Јас го пренесов францускиот карактер на руски букви, што е многу тешко, но излезе успешно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И сѐ одеднаш молкна, се изгубија прекрасните и безбројни звуци на штотуку почнатата пролет, ништо, ништо не остана од таа убава, силна светлост. Мраз.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таа е апсолутно прекрасна и чиста и она што би требало да го направиш е да ја уништиш првата и да ја покажеш втората“. 24 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Повеќето од жените на козарите првпат во животот се беа промениле во чудесните народни носии, полни срма и сребро, блеснати во преплет со прекрасни и невидени бои, од црвено-модрикава до жолто-зеленикава, бои што можеа да се видат само во планински предели.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Туристите влегуваат во лифтот, се качуваат на првата тераса, потоа на втората, џагорат, се смеат, фотографираат, снимаат филмови во боја.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Изградбата на Ајфеловата кула беше прекрасна и многу важна работа. Денес, тоа тешко може да се сфати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)