Беше една прекрасна тишина, во која дури се слушаше како потплуснуваат сребрестите одблесоци на дрвјата, неа ја нарушуваше само понекогаш познатиот питом шум на неговото ѓаволесто срнче, што ги одбираше покревките сламки од сеното, со кое го нарани кога стана, тука, веднаш крај него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ноќна прошетка Леонард Мид највеќе го сакаше градот ноќе, кога можеше во магливите ноемвриски вечери околу осум часот да зачекори на тротоарот, да цапка по изгазениот тревник, онака, со рацете в џебови и во која било насока низ таа прекрасна тишина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)