Сонцето ги позлати залистените врвови на дрвјата и навести прекрасен ден.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Да се потсетуваш на Гоца и Љиља - сестрички од Чачак - со кои си поминал прекрасни денови во автокампот “Елешец“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
КОГА БРАТ МИ ОТИДЕ ВО ЛОНДОН Колку прекрасни денови беа тоа!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Брат ми отиде во Лондон.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Велам, беа тоа прекрасни денови!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тие ми го зацврстија верувањето дека нема ништо поубаво од тоа да си дома единец.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)