предвиден (прид.) - рок (имн.)

Дипломира во јуни во предвидениот рок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ЉУБА: Очевидно, го пуштиле од затвор порано од предвидениот рок.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Меѓутоа, по поднесено барање за информации од јавен карактер од страна на Левичарското движење „Солидарност“ до Агенцијата за вработување на Република Македонија како имател на потребните информации, се дојде до бројка од вкупно 11.652 лица, кои побарале обештетување во законски предвидениот рок од 30 дена, додека пак бројот на лица кои го добиле обештетувањето изнесува 1.673, што пак претставува само 14.36% од вкупниот број на баратели.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Забраната за вршење на работа, доколку работодавачот не ја плати глобата (во предвидениот рок) или не заснова работен однос со затечените лица, се намали од 60 на 15 дена, а за ваквото противправно поведение инспекторот на трудот поднесува барање за поведување на прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Па, така со оваа измена е предвидено дека Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ донесува решение за доделување на средствата од Посебниот фонд во рок од 90 дена. (чл. 1 од ЗИДЗВИЛ/окт.11) По ова кон чл. 16, по ст. 5 се додаваат нови 17 става (6 – 22) кои најпрво нормираат дека доколку Управниот одбор не донесе решение за доделување или одбивање на средствата во тој случај подносителот на барањето може во рок од три работни дена да поднесе приговор до писарницата на претседателот на Управниот одбор на АВРМ, (ст. 6) кој пак е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето да донесе решение односно да одлучи дали ќе го прифати или одбие барањето на подносителот. (ст.9) Доколку директорот не донесе решение во законски предвидениот рок во тој случај барателот има право да поднесе барање до Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена, (ст. 10) кој е должен во рок од десет дена да изврши надзор во Управниот одбор на АВРМ. (ст. 11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Беше 93 Оваа комисија ја сочинуваат претставници на МТСП, репрезентативните здруженија на работодавачи и репрезентативните синдикати. 102 продолжен рокот, од 3 на 5 работни дена, во кој странката која ги добила предлогот и документацијата од министерството надлежно за работите од областа на трудот, треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот, а ако во овој рок надлежното министерство не добие одговор за прифаќање на предлогот за мирно решавање на спорот од другата страна, ќе се смета дека предлогот за поведување постапка не е прифатен (чл. 13 од ЗИДЗМРРС/14); б) исто така, беше зголемен рокот, од 3 на 5 дена од денот на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на работниот спор, во кој страните можат да определат помирувач, односно арбитер од Регистерот.94 Ако тие тоа не го сторат во предвидениот рок, ваквата обврска паѓа врз министерството надлежно за работите од областа на трудот (чл. 14 од ЗИДЗМРРС/14); в) со бришењето на чл. 51 од овој закон (чл. 39 од ЗИДЗМРРС/14) се укина(!) правото на помирувачите и арбитрите на плата, придонеси и надоместоци од плата согласно со закон и колективен договор, па сега помирувачот, односно арбитерот имаат право само на надоместок за нивното учество во постапката за мирно решавање на работниот спор, кој паѓа на товар на надлежното министерство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се воведе и нов, чл. 38-а, кој пропишува дека АВРМ ќе доставува месечни извештаи до Државниот инспекторат за труд за лицата и компании на кои им е издадена работна дозвола, а истите во законски предвидениот рок го немаат пријавено почетокот на работата или ја немаат вратено издадената работна дозвола (чл. 10 од ЗИДЗВРС/фев.14). 73 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
•  со четвртиот ригиден член, без никаква резерва за евентуален дополнителен „преоден период“, се предвиде дека ќе престанат да важат оние одредби од колективните договори кои нема да се усогласат во законски предвидениот рок (чл. 48, ЗИДЗРО/окт.09). 53
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понатаму, се скрати предвидениот рок во кој стечајниот управник и претставниците на работниците може меѓусебно да се спогодат и да ги усогласат интересите за социјалниот план, од три недели на се- дум дена од почетокот на преговорите или од денот на поднесување на писменото барање за преговори (чл. 33).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но тие што треба да ги извршат овие задачи, ги одлагаат работите, влечкаат, не го почитуваат времето, или, како што се вели, предвидените рокови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Влатко обезбеди статија: ЦЕЛ ГРАД КАКО ДЕПОНИЈА!!! со поднаслов: Градските власти уште пред стартот на акцијата свесни дека во предвидениот рок нема да може да се исчисти градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)