Тие се работите кои направија таа година 1872-та, при крајот на летото, да биде убиен Максим Акиноски и заедно со него и Лазор Перуноски, а неколцина мажи отерани од Потковицата на заточение некаде во Азиа, Максимовата преголема љубов да си соѕидаат потковичани црква, општина и училиште и неговото противење на Грчиштата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не се заљубив зошто сакав да се ослободам од осаменоста, туку затоа што имам преголема љубов во ова срце, под овие гради и сакам да ја подарам и претворам во убавина и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И знам дека моите чувства секогаш се претвараа во тага, а желбата за среќа беше искрена, но никогаш не научив како да ја претворам во пријатна, едноставна убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Преголемата љубов кон него што секој сакаше да го негува за да земе сила и да порасне побргу, беше кобна за него - се исуши.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)