Некои од Ворхоловите yвезди доживеаја трагична судбина (Еди Сеџвик умре 1971. од преголема доза на наркотици, а Фреди Херко и Андреа Фелдман извршија самоубиство фрлајќи се од повеќекатница; таа тоа го направи држејќи ја Библијата).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Три пати се обидела да изврши самоубиство со сечење на вените со скршено стакло или со земање на преголема доза седативи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Некои како Тејлор Мид, Еди Сеџвик и Вива успешно се занимаваа со професионално актерство и надвор од работата со Ворхол, други пак, како Џое Далесандро, благодарение на работата со Ворхол, остварија кариера со интернационални размери.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Околу тиранинот ќе се создаде свита која ќе биде измачувана од истата страст и амбиција - да се владее, со или без тиранинот, да се стане дел од една гротескна процесија која ја инструментализира немоќта на тиранинот, нагризен од амбицијата на вечното владеење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Емил Сјоран во амбицијата на владеење ќе види дрога, која од оној што ја зема во преголеми дози ќе се здобива со демонот на моќта, која често завршува во диктаторски делириум...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
До сега никој не умрел од преголема доза на канабис, но се смета дека смртоносна доза на марихуана е 1,5 лбс ако се изеде одеднаш, што е доволно цела една армија да го види Господ.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Додека мразот на непокорниот човек го стега умот со преголема доза на страв, мекоста на твојата верба го разредува и го разблажува туѓиот страв – смирено зборуваше старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)