првобитен (прид.) - искуство (имн.)

Повеќето деца растат во хетеросексуални средини, каде што се запознаваат со стандардните жанрови на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето – вклучително и со конвенциите на емоционалното изразување кои честопати се одразуваат и се репродуцираат во спонтаните пројави на чувствата на нивните родители.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дилејни мислел дека ќерка му сѐ уште е невина во поглед на таквите конвенции – дека сѐ уште е табула раза, неиспишана плоча.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Навистина, тие протоколи се толку „седиментирани“, како што тоа го срочил Дилејни, „што само една реторичка варијација, во 1977 година, не помина како нова и добредојдена варијанта, туку, попрво, како грешка што му е очигледна и на едно тригодишно дете“.371 Жанрот им ги обликува сензибилитетите на младите уште од првите средби со другите, од првобитното искуство во друштвеноста, па така им ги обликува субјективитетите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но таа била длабоко опитна во нивните комплексни протоколи, дури и на таа кревка возраст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)