прв (прид.) - посета (имн.)

Мускулестата жена со црвените раце што Винстон ја беше видел при својата прва посета, беше речиси инвентар во дворот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка Тереза пред падот на комунизмот во 1990 години најпосле ќе ја оствари првата посета на Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е најважно. * * * До првата посета на Марија, која им ја одобри лекарот, поминаа скоро уште три месеци.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За домот, за огништето кое го виде по шеесет и кусур години на фотографиите што ги донесов по првата посета на Сакулево.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Првата информација што ја добив за дедо ми при првата посета на Сакулево во осумдесеттите беше таа дека сите моми трчале да се фатат до него на оро...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го отстапуваше помалиот за да земе малку поголем. Му успеваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Преку сликите во спомените... му донесов едно шише метакса од неговиот внук од еден од браќата (дедо Тане кој често доаѓаше во Скопје) кој сакал да го убие на граница кога како партизани верувале дека одат во својата татковина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако се покаже макар и еден таков, ќе ја скријам дома од секого”.  Татко ми, замислен, излезе преку кујната во дворот, а потоа и кон комши-капиџикот, веќе почнувајќи ја првата посета кај комшиите, кога на вратата од кујната ја забележавме неа, Рашела.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори...  Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За содржината на писмото се дозна многу подоцна, кога дедо му веќе не беше жив, односно, при првата посета на брат му на татко му, односно на стрико му, кога овој признал дека тој отишол во Карсој, ја нашол таа и таа зеленика и го поткренал тој и тој камен, ама нашол само адно писусче за бурмут, а во такво писусче собирало само десет жоутици.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Кажете ми, пилиња не пораснати , зошто завивте гнездо на престарена гранка?“ им се обрати при првата посета нивниот пријател, архитектот Божинов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Немаше ли да биде подобро, уште при првата посета, да го земете и да си заминете?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)