Баба му, ниска и подгрбавена старичка, излезе на вигната и првите партизани кои ги сретна, ги праша: - А бре, ченда, кој тука ви е големио?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Им затреперуваат брадите. Затреперуваат образите. Загледани во ливчето хартија, одвај ја подголтуваат насобраната плунка. Се шират зениците.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Насамо, кога се разбудувам во ниедно време, си зборувам; камионите кога поминуваат, трчам да го видам, чекам и за мене некој да фрли книга со добри вести за син ми, ете, за мене нема ништо...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Седи си мадро и не прави будалштини.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со првите партизани и тој отиде во шумата и, ете, оттогаш веќе две години ништо не знам за него.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)