практичен (прид.) - страна (имн.)

ГРИНАВЕЈ: Покрај тие влијанија („Седмиот печат“ на Бергман, Ален Рене со филмот „Минатата година во Мариенбад“, Борхес... - заб. на прев.), од практична страна, не знаев како да почнам и бев во недоумица, како многу луѓе што денес ги среќавам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оваа тема мене ме интересира од теориска страна, бидејќи тоа е една претстава за хаос на која не сме навикнати, но и од практична страна.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)