Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ми дојде злобна помисла дека врз примерот на овие три часовници е тешко применлива разликата меѓу канаринецот што се обидува да стане птичји Павароти и папагалот, кој, пак, од своја страна, се труди да го имитира (со очекуван ефект на расипан грамафон).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се сети како се штрекна од неочекуваноста на лесниот допир со кој тој ја погали раката на мајка му кога таа сакаше да го земе празниот филџан од пред него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Малку подоцна, покрај празниот филџан, најде и поуверлив доказ за заборавноста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)