празен (прид.) - маса (имн.)

Се телепортирав на празна маса со жолт извалкан чаршав и ја чекав долго, долго, личноста од листата на обврски.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Поручникот Пјерс седеше на празна маса близу до линијата за храна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На сред крчма застана и се загледа кај да седне. Празна маса немаше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Братучед му добро го познаваше местото – самоуверено влезе и седна на една празна маса во темно и зачадено сепаре во левиот агол.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И удри по празната маса толку силно што ако имаше на неа чаши тие ќе потскокнеа како костени на решето. Кој смееше да му приговори?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)