Но сега овој крстопат и автопатот беа како реки во сушните години, само камен и празни корита, под месечинскиот сјај.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
МАРИЈА: Немој да ми викаш. (Пауза.) Слава е утре. (Пауза. Влегува Вера. Носи празно корито.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)