празен (прид.) - глава (имн.)

Но, не, тие празни глави без срце, без душа, само со очи, очи злобни што гледаат како женското тело пати, и трпи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Истрча во ноќта. Со празна глава, механички, се упати кон Гората, на источниот крај на Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
— Вие сте ја заборавиле својата класна припадност, вели, вие сте закоравени националисти, вели, го губи умот од бес. „Само во празна глава не можеш ништо да туриш, велеше дедо, а празното најдалеку се слуша.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)