6. Правосудните анализи на Министерството за правда покажуваат дека во РМ, со оглед на бројот на жители, ако се земе предвид европскиот просек, не треба да има повеќе од 400 судии – додека, пак, кај нас, бројот на судии во моментов е над 630.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5 Но, ако се има на ум дека барањата на македонските пауперизи- рани работници од средната и ниска класа [пролетери/надничари/ платеници/аргати] очигледно, не го привлекуваат вниманието на правниците во поголем број – прилично површното трети- рање на овој, закоравен и дехуманизиран, правен сегмент и не е нешто толку необично, што би требало посебно да нè зачудува, барем во македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Затоа, сосем точни се зборовите на Б. Фриер (Bruce W. Frier) дека: На припадниците на пониските [општествени] класи, не им е познато ниту правото – па тие, исто така, се и жртви на социјалната структура која, не само што е прекумерно пирамидална, во нејзината распределба на богатство и влијание, туку е и врзана со груби општест- вени конвенции [и социјални предрасуди]...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)