православен (прид.) - население (имн.)

Набрзо по рум-милетот биле признаени ерменскиот милет и еврејскиот милет...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османлиската власт била толерантна спрема Охридската архиепископија и допуштала таа во духовен поглед да се самоуправува, а притоа барајќи лојалност од неа и од православното население под нејзина јурисдикција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Султанот Абдул Азиз кон крајот на XVIII век испрати ферман во кој се вели: „По барање на муслиманското и на православното население на градот Белград Арнаут (Берат), наредувам да се подигне црквата Свети Митри во центарот на овој град”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во рамките на Цариградската Патријаршија постоеле и Охридската архиепископија и Пеќската патријаршија, чии верски водачи биле одговорни за православното население во тие епархии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ваквата ситуација Охридската архиепископија настојувала да ја искористи за враќање на своите поранешни територии бидејќи бројни епархии биле изгубени за сметка на Пеќската патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)