За било кој поединец- лаик, кој не е контаминиран со било каква правна догма, додека судот не „пресече“, односно не донесе одлука за одредени спорни факти – не постои никакво ‘право’ за таа правна работа и за тоа проблематично прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 36.870 МКД (605 ЕУР) и паднаа на терет на тужениот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одржани се вкупно четири рочишта за главна расправа, а целата судската постапка – до нејзината правосилност од декември 2007 – траеше околу една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, тргнувајќи од премисата дека „општите одредби не ги решаваат поединечните случаи“ тие, се чини со право, судовите ги сфаќаат како практични и искуствени „секундарни законодавци“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)