Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот жалба, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните – што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на владеење на правото, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој Каталог не смее да биде спротивен, односно мора да биде во целост во согласност со правните норми и принципи кои се содржани во ЗНРК.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Дали во таков случај волјата на работодавачот ќе преовладее и истата би ги дерогирала закoнските норми донесени од страна на надлежните државни органи!?;22 ● поранешната обврска на работникот да го извести работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето на другите пред нивното настанување, или по настанувањето на материјална штета, претрпe измена со тоа што сега работникот е должен веднаш да го извести својот претпоставен или друго овластено лице кај работодавачот, но сега само за веќе настаната материјална штета, што секако не е во полза на работникот, бидејќи тој согласно постоечките позитивно - правни норми од ЗРО, индиректно одговара за материјалната штета која би ја претрпеле трети лица, а за која работодавачот во иднина би можел да ги рефундира трошоците од работникот (чл. 13 од ЗИДЗРО/септ.10); г) одредени измени, повторно на штета на работникот, претрпе и чл. 35 кој ја регулира обврската на чување на деловна тајна.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
А ова последново го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни правни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи. 11. Одредбите на овој Закон кои се однесуваат на постапката за мирно решавање на работните спорови почнаа да се применуваат од 1 јануари 2008.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се работи за онаа правна норма, според која, работодавачот е должен да го запознае работникот со сите опасности на работа и со правата и обврските во врска со заштитата при работата и условите за работа (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст); како и одредбата која предвидуваше дека работодавачот е должен, земајќи ги предвид научните методи и современите достигнувања, да го организира процесот на трудот на начин со кој се обезбедува сигурност при работата и заштитата на здравјето на граѓаните – односно, да создава услови за работа и да ги преземе пропишаните мерки и нормативи, како и други општопризнати мерки за заштита при работата со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната безбедност на работниците и на граѓаните 20. Закон за заштита при работа; Сл. весник на РМ, 13/98. 30 (чл. 62, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)