прав (прид.) - како (прил.)

Се залепивме до него тупкајќи со нозете војнички и послушно. Редицата се нанижа права како стрела.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Каков манлија бре ваков здрав прав како џбитак, - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Спротивно на шишкавата Катина става, дебелите а куси раце и нозе, Митра беше танка и висока, изведита и права како пушка, со долги раце и нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ДЕПА: А! прав како јаже в торба!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)