Несреќата е само дека не попаѓа веднаш на правиот пат, како да го издава старата интуиција, а правиот потез намерно се крие од него, како што се крие шалаво дете зад грбот на други деца на одморот во школскиот двор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Камилски гледајќи ја со својот благ поглед, кој бараше разбирање од својата сопруга кога беа во прашање книгите и кое секогаш безрезервно го добиваше, ѝ рече дека со Татко се на прав пат да ја состават листата на стоте најопасни турцизми, започнувајќи од денес со разгледување на десетте најопасни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сега ти биди милозлив и изведи ме на правиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Размислуваше додека возеше низ како пушка правиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Важно е дека детето ми се врати на правиот пат!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Страста е корен на сите гревови и зла кои го разурнуваат телото и душата и го навлекуваат гневот на бога; зашто тој сè следи, сè гледа; го гледа и она што за нас е невидливо; ни борави во мислите, ни ги открива намерите, тајните; се мачи и сè чини да нè одврати од лошите намери и да ни го покаже правиот пат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Паѓав, но, на моменти ми се враќаше самодовербата и бев сигурна дека сум на правиот пат, дека тоа што го имам напишано е добро. И дека ќе успеам.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Можеби правам грешка. Сепак, ќе оставам судбината да ме однесе по правиот пат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кој е правиот пат, знае ли некој да ми каже!? Барем да ми ги одвои подобрите два.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и се пожалуваше на планинската моќ.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Блажени да се твоите златозрачни стапки со кои ги упати нашите заблудени нозе на прав пат.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Одела што одела гемијата по правиот пат и по некој ден свртел еден противен ветар многу силен, та кога ја подбрал гемијата по морската ширина, летала како некоја црпка по талазите што биле по морето.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Значи, синот (бидејќи е поинтересна фигура за анализа) ги одбира најкривите патишта во животот, само за да го натера таткото да му обрне внимание, да го застане на правиот пат (а и двајцата мислеа дека на едниот му е поправ од другиот).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
ПОП ЈАНЧЕ: А така. И со тоа ние треба да ги отвориме очиве четиринаесет и да не позволуваме лесните да се лажат, ами да им го покажиме правиот пат.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не му останувало ништо друго освен или да го скокне или да се врати и отпрвин да киниса по правиот пат.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Дури и јас, иако сум речиси сигурен дека со ништо не придонесов детето да се најде в затвор, сепак се сомневам дека и кај мене може да лежи дел од вината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како и да е, не можам а да не ти речам: батка, како и обично на прав пат си, иако може да произлезе дека си ја згрешил насоката!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А(воздивнувајќи): Се плашам можеби да не е веќе предоцна да се вратам на правиот пат; ќе правам сигурно уште многу грешки во мојата потрага по вистината.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ти тргна по правиот пат уште пред петнаесет години и оди по него додека ќе ти стои главата на рамењата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и ѝ се пожалуваше на планинската ноќ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Проучувајќи го хармоничниот пат на јагулите, кој беше постар и од постоењето на човекот, Татко се соочуваше со вистината за неговиот отклон од правиот пат во природата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сакајќи да се вратиш на
прав пат
да го фатиш редот
Ти кој не си изгубен во масата
на безличното
Ти за когошто
историјата е потрага по
личното
Ти
раскажи ми што си сакал да
избришеш
од сеќавањето
што да прикриеш
трагата да му се сотре
кажи ми што си сакал
да заборавиш
Јас ќе ти кажам какво ти било
минатото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)