БРИТАНСКАТА БЕСКОМПРОМИСНОСТ ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА Конституирањето на македонската федерална држава и сè почестото истакнување на плановите за нејзиното обединување или федерирање со другите балкански држави било нешто што не влегувало во британските повоени планови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но јасно е дека тоа не можело да ѝ биде познато на пошироката јавност, па и на раководителите на НОВ и ПО на Македонија, кои и понатаму ќе продолжат со своите зацртани цели за обединување на Македонија во рамките на југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се случувале настани во Македонија, често и посериозни, за кои пошироката јавност, особено во Европа, никогаш не дознавала.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И додека и кај самите работници и кај пошироката јавност има јасно изградена свест дека работничките права константно се кршат, тоа е далеку од точно во поглед на намалувањето на работничките права.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се надеваме дека оваа јуристичка анализа изразена преку критичкиот осврт на трудово-правната легислатива на Република Македонија ќе претставува релевантна референца не само за работниците, кон кои е главно наменета, како подобро и поподробно би се запознале со своите права, туку и на синдикатите, катедрите по трудово право на универзитетите, невладините актери, пошироката јавност и сите оние кои имаат интерес за оваа проблематика.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Токму јавните простори се местата каде што политичките движења стануваат видливи – ~ се претставуваат на пошироката јавност не само за да привлечат следбеници туку и за да добијат видливост бидејќи само станувајќи видливи тие имаат шанса да бидат сметани за легитимни членови на општеството.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
По добивањето на прегледот, работодавачот кој е обврзник за пријавување на податоците, е должен веднаш на осигуреникот да му го достави прегледот во хартиена или електронска форма согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци. (чл. 9 од ЗИДЗПИО/јул.14) Доколку работодавачот не постапи согласно оваа обврска ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. (чл. 10 од ЗИДЗПИО/јул.14) 55 Оваа небулозна, антиработничка и противуставна одредба, после масовните протести и изблици на револт кај оваа категорија на (прекарни) работници и пошироката јавност, конечно беше укината со чл. 1 од ЗИДЗПИО од јули 2015 година. 61
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Но, бидејќи е исто така по дефиниција и простор на исклучување, ова претставување (и правото на него) треба постојано да биде повторно докажувано.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)