Таа, со тоа, дава модел како да се ситуираат драмата на судирот мајка-ќерка, а и глетката на една генерациска борба меѓу жени, во една анализа на симболичните и на субјективните димензии на структурите на општествено значење, во едно разбирање на социјалната и на политичката семантика на еден културен облик што не зависи од клишеата на поп-психологијата и психоанализата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Овие пристапи ни овозможуваат да го поврземе машкиот геј-субјективитет со поширок сплет од општествени динамики и културни значења.
Несомнено е дека некои геј-мажи нашле во сцената од Милдред Пирс средство за преработка на глетката на мајчиниот бес за да ги ублажат болните спомен-траги од отфрлањето од мајката, отфрлање кое има мошне особени емотивни екоти кај настраните деца.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истото важи и за Прустовото портретирање на обидот на детето да биде сакано од мајка си и да ја контролира.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)