поширок (прид.) - семејство (имн.)

Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Проучувајќи ги падовите на другите империи, Татко може да се соочи и со последиците кои ќе се однесуваат на неговото потесно и пошироко семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во секое писмо го потсетуваа на нивното пошироко семејство, на нивните корени, на неговото потекло.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Маргина 34 65 Кога оваа поента ќе се усвои, можат да се постават разумни параметри за простување: меѓу човечките општества, од поединецот се простуваме како од поединец, не како од претставник на класа, иако и тука ќе постои не само категорија туку и хиерархија - сопружник или друго најзначајно друго суштество, остатокот од потесното семејство, најблиските пријатели и сора­бот­ници, поширокото семејство, помалку блиските но сепак вредни прија­тели, соседите, колегите и познаниците колку што времето ќе дозволи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нашето пошироко семејство, уште од времето на легендарниот Сули – беј Старова, заедно со рисјанинот Бендо Шапердани најсилно се спротивстави на султанската власт.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А јас , небаре само јас се враќам во родната земја за да видам што станало во слободата и демократијата, со остатоците на поширокото семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега тој беше глава на своето потесно семејство, но и на поширокото семејство, откако исчезна дедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И со поширокото семејство, од земјата од која избегавме, поради затворената граница, комунициравме со телеграми- некролози кои, главно, објавуваа нечија смрт, на едната или на другата страна од границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)