поширок (прид.) - култура (имн.)

Како што пред извесно време нѐ потсети Стјуарт Хол, „идеологијата како општествена практика се состои од ‘субјектот’ што се позиционира во конкретниот комплекс, во објектификуваното поле на дискурси и кодови што нему му се на располагање во јазикот и во културата во даденa историска конјунктура“.368 Па кога машките субјекти кои пожелуваат мажи ќе заземат женствена позиција, тие можеби не ѝ подлегнуваат толку на неумоливата сила на некој крут склоп од општествени норми – на општествената логика на хетеронормативноста – колку што можеби гравитираат кон извесни афективни и дискурзивни можности што веќе постојат во пошироката култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Темелната колебливост која, изгледа, ја имаат текстописците одговорни за фељтонов околу тоа што е геј-културата произлегува од една основна и карактеристична неизвесност: дали геј-културата упатува на настрани артефакти создавани од самите настрани или на дела од главнотековната култура кои ги создале хетеросексуалци, а кои настраните потоа ги присвојуваат за сопствени потреби и кои во текот на тој процес ги настрануваат? ‌Фељтонот во ТОНИ ја става оваа дилема во преден план со тоа што вметнува и анкета, упатена до читателите, која се вика „Што е погеј?“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А таа е едноставна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За тие задоволства, имплицира Милер, бродвејскиот мјузикл и уживањето со кое тој се слуша би биле неумоливо и беспоштедно погубни. ‌Да скратам, постоунволскиот геј-маж, укажува Милер, е склон да ја третира секоја културна практика што може да му ги разоткрие сопствените архаични настрани чувства, а со тоа и да му ја обнароди афективната структура на сопственото рано субјективно обликување, приближно онака како што „пошироката култура околу него ја угнетува и ја толерира... неговата хомосексуалност“. (27) Со други зборови, според Милер, бродвејскиот мјузикл и срамотната сентименталност што тој ја кодира за геј-мажите постепено почнале да ја означуваат онаа срамна внатрешност што и самата хомосексуалност некогаш ја претставувала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таму во двојки се наведуваат примери од експлицитна, идентитетски заснована, горда и на видело постоунволска геј- култура спарени со примери од пошироката култура кои се погодни за настрано присвојување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Женствената идентификација“ е поим со кој јазикот на психологијата се служи за да го опише она што обично е конкретен општествен процес на позиционирање на себеси во рамките на склоп од културни кодови што дефинираат множество од емоционални и афективни улоги, ставови и практики од личниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па што е погеј, прашува списанието, Планината Броукбек или Сексот и градот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите можности се кодирани за родот и се поврзуваат со него, но во нив не се работи конкретно за родот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)