поширок (прид.) - контекст (имн.)

Тука постојат две идеи: таа на интрисичка спротивност, и таа на контекстуална спецификација на значењето (т.е. тоа дека значењето на еден конструкт може да биде дадено со разгледување на поширокиот контекст во кој тој е во однос со другите конструкти). Rychlack претпоставува дека компјутерите не само што не можат да повикаат контекст на овој начин, туку исто така не се во состојба да размислуваат во спротивности (при што тој ја зема нивната булова природа, како што е погоре објаснето).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Андриќевиот и Селимовиќевиот онтолошки хоризонт е препознатлив во тематскиот корпус на романот: единката и заедницата, човекот и историјата, индивидуата и политиката етичкото и психолошкото димензионирање на ликовите во поширок контекст во кој архетипското проблеснува под романескниот дискурс.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Правниот поредок на практичните Римјани беше востановен 10.  А покрај класичните правни текстови (пр. уште и Paul. Sent. 2,18,1), за присуството на работните спорови, во еден поширок контекст, читаме и на други места во историската литература: на пример кај Кикерон (Cicero: De officiis; 1, XLII, 150sq.; 1, XLII, 151sq. и De oratore; 1, XLV); кај Катон (Cato: De re rustica, 136); потоа во Новиот завет на Светото Писмо (в.Евангелие по Матеј, гл. XX, ст. 1-16); па кај Апулеј (cf. Apuleius: Metamorphoseon; Lib.IX, 6sq.; Lib.VII, 22sq.; Lib.IX, 35sq.; Lib.IX, 12sq.) итн.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку овој закон го ставиме во малку поширок контекст би го сфатиле неговото маргинализирање и недоследно применување во пракса.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Манипулацијата со текстуалната информација низ компјутерските мрежи во поширокиот контекст на e-mail и Интернет и специфично зголемениот степен на дизајни­рање на layout-от и компјутерските фонтови ни зборува по нешто за природата на совреме­ната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие два феномени, низ коишто се јавуваат две чувства за подесување на времето, мораат да бидат прифатени како конкурентни системи што се појавуваат „at once“, и во ниеден случај не се заеднички пред-емптивни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најмногу што можеме да сториме, во вакви околности, е и понатаму да бидеме отворени за неопределениот карактер на тие полиња на практика и чувствување, како и за метафоричната и фигуративна природа на самите општествени процеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
13 СЕКСУАЛНАТА ПОЛИТИКА НА ЖАНРОТ Да им се навратиме на двете сцени од Милдред Пирс и Најмила мамичке.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега, кога сме во состојба да им ја ситуираме геј-привлечноста во поширокиот контекст на сексуалната политика на културната форма, можеме да почнеме да наѕираме еден средиштен елемент во геј-реакцијата кон оние сцени што ги запоставувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)