почитуван (прид.) - мој (прид.)

Ете, така, почитуван мој М., те молам да ги примиш надоблачние, небесните поздрави од стрико ти Бојан Домански, ни рајски ни адски туку средински.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Драги и почитуван мој професоре, На штик и нож падна под нашите нозе Иван Планина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ви пишував, ви ја допишував, почитувана моја Елен Лејбовиц, книгата Атеистички музеј, зашто во вас открив не само голем и незаменлив читател, туку и нешто многу блиско во вашата голема моќ да ме разберете, да ми се придружите во меандрите на страдањето во едно минато што оставило траги во душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Андерграундот е единствената култура на денешницата, почитуван мој соговорнику.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)