почитуван (прид.) - од (предл.)

Ема имаше висок степен на самосвест, таа знаеше дека беше почитувана од колегите и од надворешните соработници (дури и од оние кои постојано работеа против неа) затоа што покажа, низ сите изминати години, дека е жена со силен дух, тврда и непопустлива.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сеќавањето може да започне како бајка: некогаш, во еден град, на број шест на калдрмираното, слепо сокаче, зад свежо бојадисаната зелена, дрвена порта, во двокатна куќа окружена со расцутени дрвја, живееше мајсторот сајџија, почитуван од целата чаршија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)